05 Декември, 2025
0.0374

Нова населба ќе никне кај граничниот премин Богородица

Објавено во: Македонија 14 Април, 2013 08:30

Добивај вести на Viber

На 100 хектари површина, на влезот во Гевгелија во близина на граничниот  премин Богордица, ќе се гради нова населба. Општина Гевгелија го усвои нацрт – урбанистичкиот план кој предвидува, на седум урбани блокови да се изгради цела населба со индивидуални куќи за домување, здравствени и образовни објекти, црква, спортски терени..но и изградба на хотелски капацитети. Цела населба со куќи но и хотели и трговски центри ќе се гради во Гевгелија.Од општината Гевгелија најавуваат дека на потегот кон граничниот премин на површина од 100 хектари ќе никне цел туристички град. Градоначалникот Иван Франгов, е убеден дека ако имаме интересна понуда во близина на граничниот премин, Гевгелија како град, но и целата земја, можат многу да профитираат од фактот што годишно преку границата поминуваат од 4 до 6 милиони туристи. „Сакаме да има освен маркети и „аутлети“ нешто што е многу популарно на запад и што функционира токму на влез или излез од некоја држава. Ќе се изградат и трговски единици, угостителски капацитети..всушност сакаме населеното место Богородица да стане вистинска урбанзирирана населба“, вели градоначалникот Франгов. Две од парцелите за изградба на хотел и трговски центар, се веќе продадени. На јавно наддавање лани, фирмите „Дивелоп Груп“  и „Инвестен“ги купија парцелите, но од општината велат дека нивната изградба се уште не е почната оти се чекало Владата да изгради надвозник на двете ленти од автопатот. „Дивелоп Груп“е веќе актуелна со градба на хотелот „Мериот“ во Скопје, акомпанијата има купено парцела и во Охрид за изградба на хотел.За парцелата во Гевгелија, која е со големина од 16 илјади метри квадртани, инвеститорот плати 66 илјади евра, а според договорот, таму треба да никне хотел на 10 ката. Фирмата„ Инвестен“ пак,земјиштето со големина од близу 32 илјади метри квадратни за изградба на трговски центар, го купи за 340 илјади евра. Објектот треба да биде изграден на пет ката. Што се ќе се гради во Гевгелија годинава? Во изминатите години во близина на граничниот премин Богородица се изградија неколку хотели и казина, нова бензинска пумпа, а Владата неодамна најави и изградба на аква парк,на потегот меѓу Струмица и Гевгелија..Општината веќе располага со три хотели со пет ѕвездички, а новите хотели само ќе ја дополнат атрактивната туристичка понуда на општината. Покрај новиот туристички град, општинската власт планира да го смени и ликот на центарот во Гевгелија. За годинава е најавена нова автобуска станица,  изградба на градски пазар, додека на локацијата каде досега се наоѓаше пазарот, ќе се гради хотел. Според плановите, новиот градски пазар ќе биде од затворен карактер, а ќе се простира на површина од близу 6.000 метри квадратни. Во склоп на него, се планира и подземен и надземен паркинг, како и мегамаркет. Во агендата влегуваат и нови градски станбени населби, поради очекувањата дека ќе има бран на доселување на луѓе, поради неможноста градот да ги собере сите нововработени и тие од страна. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во Гевгелија има најмалку невработени жители. С.Н

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот