23 Јуни, 2024
0.0242

Нова оценка на ММФ: Јавниот долг ќе достигне 49% од БДП до 2018 година!

Објавено во: Анализа 03 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Економијата ќе продолжи да расте, но стапките на раст на БДП што беа испорачани пред кризата, нема да се остварат. Фискалните слабости се зголемија. Кредитот што Македонија го зема од ММФ во 2011 та година, непосредно пред предвремените парламентарни избори, се потрошил на внатрешни потреби, а не како заштита од надворешните шокови. Државните долгови и натаму ќе растат. За годинава се предвидува стапка на невработеност од 20%.  Ова се дел од оценките во Извештајот на Бордот на директори на ММФ посветен на тоа како се потрошиле 220те милиони евра од кредитната линија за претпазливост. Стапките на економски раст од 6% - недостижни! Според Меѓународниот Монетарен Фонд, стапката на економски раст ќе зајакне до 4% на среднорочен период, но оние стапки на раст од 6% кои беа испорачани пред кризата, најверојатно нема да се повторат. Како генератор на растот на БДП, според директорите на ММФ и натаму ќе биде домашната потрошувачка. “Економскиот раст продолжува да јакне иако не на широка основа. Надворешните и фискалните слбости се зголемија. Долгот на Централната Влада иако се уште е умерен во рамките на проектираните 36% од БДП, тој пораснал за околу 15 проценти од почетокот на кризата. Неодамна воспоставената Среднорочна стратегија за управување со Јавниот долг е добредојдена. Капацитетот за сервисирање на надоврешните долгови, вклучувајќи го и оној кон ММФ, останува на адекватно ниво“ - пишува во оцеката на ММФ. Се предвидува дека Јавниот долг и натаму ќе расте. “Јавното претпријатие за државни патишта потпиша кредитна линија од 550 милиони евра со кинеската Ексим банката, која треба да биде исплатенa во текот на 2014-2018 година.  Македонската банка за развој (МБПР) има склучено договор за дополнителни кредитна линија од околу 100 милиони евра од ЕИБ. Генерално, се предвидува дека Јавниот долг ќе се  зголеми од 41% до 49 проценти од БДП во периодот од 2013 та до 2018 та година“ – пишува во оценката на ММФ. Од Фондот очекуваат дека Надворешниот долг ќе се стабилизира на ниво од 64% од БДП, но отако ќе се реализира економскиот раст, ќе се подобри билансот во трговијата, ќе се напрви фискална консолидација и ќе се обезбеди, иако умерен, стабилен влез на странски директни инвестиции. Иако од ММФ оценуваат дека таргетираниот дефицит за оваа 2014 та е достижен и реален, сепак сметаат дека “Проекциите за приходите во Буџетот се најверојатно преценети“. Додека Буџетот е насочен кон забрзување на големи капитални трошоци, за железница, гасификација, болници, просторот за овие трошоци може да продолжи да биде ограничен од страна на зголемувањето на другите трошења. Буџетот за 2014 та година вклучува низ на нови тековни издатоци, меѓу кои е ад-хок растот на пензиите за 5 отсто, кој се проценува дека ќе чини 0,3% од БДП – се констатира во оценката на ММФ. Како се потрошија 221 милиони евра – кредит од ММФ? Директорите на Меѓународниот монетарен Фонд ја дадоа и оценката за трошењето на 221 милион евра, кредит што Владата го зеде непосредно пред предвремените парламентарни избори во 2011 та година со образложение дека во време на криза, оваа кредтна линија треба да ја заштити земјата од евентуалните надворешни шокови. Повеќето директори се согласија дека ПЛЛ беше вистинскиот инструмент за Македонија во време на неговото одобрување, преку обезбедување ефективно осигурување од надворешни шокови. Сепак, некои директори забележаа дека фискалната институциска слабост стана очигледна по одобрувањето на аранжманот и дека повлекувањето беше искористено како одговор на домашните, а не надворешните шокови“ - се вели во извештајот. Како слаобост се посочуваат слабите приливи од Странските директни инвестиции но и позитивните ефекти од оние што ги вложија парите во Македонија. “Иако и натаму се регистрираат слаби нето-приливи од Странските Директни Инвестиции, зголемената активност во фирмите под странска доминација, влијаеа на тоа да се зголеми извозот. Сепак, од Фондот оценуваат дека стратегијата за отворање на Слободни економски зони, со изградена инфраструктура, даночни олеснувања, поедноставување на брократските процедури, дале резултати по што една третина од вкупните странски инвестиции се привлечени токму во Слободните економски зони. Во исто време, се оценува дека компаниите од овие зони во 2013 та година реализирале 25% од вкупниот извоз. Во делот на кредитирањето, според оценките на ММФ годинава се очекува подобрување на кредитните услови и зголемување на кредитната експензија. Ризиците во банакрскиот сектор се однесуваат на потенцијалното реструктуирање на словенечките и грчките банки, чии подружници во Македонија имаат 40% удел на пазарот. Од Фондот сметаат дека не е потребно натамошно олабавување во монетарната политика. На крајот од оценката, од Фондот порачуваат дека макроекономските состојби се подобруваат иако надворешното опкружување и натаму е слабо, за реализација на поголемите инфраструктурни прокети потребен е внимателен фискален простор, напредокот во доброто управување со Јавниот долг ќе ја зајакне фискалната и надворешната позиција на земјата и дека структурното подобрување на трговскиот дефицит е непоходно за да се обезбеди оддржлив и балансиран раст. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите