29 Септември, 2024
0.0368

Нова радост за гејмерите

Објавено во: Анализа 07 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Уште пред Apple да потврди минатата есен дека создава паметен часовник, програмерите на мобилни игри зборуваат за тоа како корисниците ќе можат да ја најдат играта "Candy Crush" на уредот. Програмерите на игри создадоа илјадници апликации, откако Apple почна да прима нарачки за часовникот во почетокот на април, надевајќи се да постигнат барем дел од успехот, на кој се радуваа благодарение на iPhone. Но отворањето на хитовски наслов како "Candy Crush" може да потрае одредено време. Постојат јасни причини за тоа - уште не е јасно колку луѓе ќе го користат часовникот, бидејќи Apple не објави официјална информација за прелиминарните нарачки и снабдувањето. Иако програмерите беа подготвени да креираат апликации од самиот почеток, тие не добија софтверскиот пакет до крајот на 2014 година. Некои програмери тврдат дека немаат подобро чувство за некој уред, ако не имале можност да уживаат во него некое време. Тоа ќе се промени кога најпаметните часовници ќе се појават во продавниците - нешто што Apple планира да се случи до крајот на јуни. Во меѓувреме развивачите на игри се борат со предизвици како значително малиот екран. Следната недела Apple ќе ја одржи годишната Worldwide Developers Conference, која ќе е првата откако часовникот беше пуштен во продажба. На настанот програмерите ќе го добијат софтверскиот пакет што ќе им овозможи да креираат апликации кои работат нормално на часовникот. Освен тоа програмерите досега немале можност да добијат пристап до сите сензори и хардверот на часовникот на Apple, како и акцелерометарот кој го зема предвид движењето на телото. Од компанијата велат дека новиот пакет за програмерите ќе им даде пристап до дел од сензорите на уредот - нешто што само апликациите на Apple го имаат во моментов. Екранот на Apple Watch е многу мал - 38 на 42 мм и не обезбедува доволно простор за реално подвижни слики, како херои кои скокаат врз други објекти или да уживаат во оружје против непријателите, тврди Винс Фаркхарсон, оперативен директор во компанијата за мобилни игри Bossa Studios во Лондон. Иако предизвиците се присутни креаторите на игри не се подготвени да се откажат. Постојат повеќе од 300 развиени игри за Apple Watch за време на неговото ставање во промет, а тоа се 10% од сите апликации за часовникот, наведува компанијата App Annie која прави статистики за мобилни апликации. Во оваа бројка се рангираат и дополнителни помошни апликации кои нудат начин за интеракција со играта на iPhone преку часовникот. Во исто време има голем раст на бројот на програмери кои создаваат апликации. K.K.