Нова шлаканица од кралската палата за принцот Хари и Меган Маркл - овој пат го вклучува и нивниот син
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2022
Крунисувањето на британскиот крал Чарлс III ќе биде грандиозен и значаен настан, но датумот на кој се одржува оваа церемонија може да биде незгоден за некои членови на кралското семејство, пред се принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, имајќи предвид дека на истиот ден нивниот син Арчи полни четири години.
Новиот монарх ќе биде крунисан во сабота, 6 мај 2023 година, на прекрасен настан во Вестминстерската опатија во Лондон. Церемонијата на крунисувањето ќе вклучува шест етапи.
Додека списокот на гости допрва треба да биде потврден, на членовите на кралското семејство се очекува да им се придружат светски лидери, владини претставници и верски личности.
Сепак, за принцот Хари и Меган Маркл овој датум не е многу погоден, бидејќи на тој ден нивниот син Арчи слави роденден. Најстарото дете на Меган и Хари тогаш ќе наполни четири години.
Поради ова, не е сигурно дали парот воопшто ќе присуствува на настанот, ниту дали, доколку дојде во Британија, ќе ги донесат и своите деца – Арчи и Лилибет.
Сè уште не е потврдено кој ќе присуствува на церемонијата, но се очекува околу 2.000 луѓе да ја наполнат опатија за да бидат сведоци на крунисувањето на кралот Чарлс III.
Наводно, Хари во минатото се соочувал со тешки моменти во врската со неговиот татко. За ова тој зборуваше во интервјуто кое и го даде на американската водителка Опра Винфри, кога изјави дека се чувствува „изневерен“ од неговиот татко Чарлс.
Војводата од Сасекс тврдеше дека Чарлс престанал да ги прима неговите повици пред неговото заминување од семејството. Подоцна ги критикуваше татковските вештини на Чарлс, обвинувајќи го дека очекува неговите синови да се справат со притисоците на кралскиот живот и сугерирајќи дека родителството на Чарлс го оставило „со генетска болка и страдање“.
King Charles III's coronation date has been announced - but it's unfortunate timing for Prince Harry and Meghan Marklehttps://t.co/0I8e7M6unq
— Mirror Royal (@MirrorRoyal) October 11, 2022
Многу се расправаше и за кралската титула на Арчи, а Меган тврдеше дека не смее да ја носи титулата принц, иако таа можност не ни постоела додека била жива кралицата Елизабета Втора.
Доаѓањето на тронот на Чарлс значи дека малиот Арчи сега технички е принц, но војводата и војвотката од Сасекс и Бакингемската палата допрва треба да потврдат дали тој ќе ја користи титулата принц.
Датумот на крунисувањето на Чарлс е значаен и затоа што е роденден и на поранешниот британски премиер Тони Блер и на холивудскиот актер Џорџ Клуни. Тој датум е и годишнина од бракот на принцезата Маргарет, сестра на кралицата Елизабета Втора. На тој датум во 1910 година, умре прадедото на Чарлс, кралот Едвард VII, син на кралицата Викторија.
Бакингемската палата соопшти дека датумот е избран во консултација со Владата, англиската црква и кралското домаќинство, но не даде дополнителни детали зошто е избран. Иако палатата соопшти дека церемонијата „ќе ја одразува улогата на монархот денес и ќе гледа во иднината“, таа додаде дека ќе биде „вкоренета во долгогодишна традиција и раскош“.
Фото: EPA/ NEIL HALL
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.