05 Декември, 2025
0.0314

Нова спортска сала во Неготино Полошко

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2013 19:06

Добивај вести на Viber

Во ОУ „Наим Фрашери“ во село Неготино, општина Врапчиште, денеска попладне е пуштена во употреба нова спортска сала, дел од проектот на Владата за изградба на 145 училишни спортски сали.

Во изградбата на објектот се вложени 40 милиони денари обезбедени од државниот Буџет и од заем од Банката за развој при Советот на Европа. Спортската сала има површина од 1.300 метри квадратни, трибини со 400 седишта, соблекувални и е целосно опрема со потребни реквизити за мали спортови. Изградбата почна пред 14 месеци.

- За нас нема поделби помеѓу граѓаните по националности. За нас постојат реални потреби на граѓаните и реални проекти кои ги спроведуваме во целата држава. Тоа сме го ветиле и тоа го остваруваме, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во обраќањето на свеченоста.

Пешевски најави дека политиката за развој на спорот ќе биде поддржана и во иднина.

- Младите кои досега тренираа некој спорт, одеа во Тетово или во некоја од салите во околните општини. Сега тие ќе вежбаат тука блиску до својот дом, подвлече вицепремиерот Пешевски.

На свеченоста, покрај градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија и заменик министерот за образование Сафет Незири, честитки за новиот објект упати и министерот за образование и наука Панче Кралев. Тој истакна дека продолжуваат инвестициите на Министерството за образование во изградба на нови, но и обнова, реконструкција и доопремување на постоечеките училишни спортски сали и несоодветни училишни објекти

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип