05 Декември, 2025
0.0595

Нова среќа за „Јужен тек“, ќе биде ли овојпат?

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2013 18:29

Добивај вести на Viber

Македонија се приклучува кон „Јужен тек“. Договорот треба да биде потпишан за два дена. Македонија ќе го стави својот потпис за Јужен тек, објави денеска премиерот Никола Груевски, кој заминува утре за Москва, каде што во вторник треба да биде потпишан договорот. Груевски денеска соопшти дека Руската федерација ја информирала Владата дека се завршени сите постапки од нивна страна кои се неопходни за склучување на договор. „Морам да кажам дека ова е исклучително значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Македонија. Се обезбедуваат нови количини на гас кои ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за преносот на гас во Македонија да добие една поголема смисла бидејќи внатрешната инфраструктура за која исто така имаме зацртано план како да ја реализираме и планираме брзо да почнеме, зависи од тоа дали ќе имаме доволни количества гас,“ истакна Груевски. Тој додаде дека со склучувањето на договорот за Јужен тек сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење на внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла. Сепак, дополнително треба да се утврдува со кој крак Македонија ќе биде приклучена кон „Јужен тек“, дали преку Бугарија или Србија. Тоа, според Груевски, ќе биде одлука на „Гаспром“, а не наша. „Се обезбедуваат нови количини на гас кои ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за преносот на гас во Македонија да добие една поголема смисла. Внатрешната инфраструктура за која исто така имаме зацртано план како да ја реализираме зависи од тоа дали ќе имаме доволни количини на гас“, рече Груевски. Ова е втор обид за ставање потпис за Јужен тек, после првиот, кога, иако беше најавено од Владата, на економскиот самит во Санкт Петербург на крајот на јуни, Македонија не го потпиша договор со Русија за вклучување кон овој гасоводен проект. Тогаш Владата информираше дека тоа ќе се случи наскоро.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите