Нова тура на вакцини за Македонци во Србија: по новинарите, на ред се бизнисмените
Објавено во: Економија 25 Март, 2021 08:15
Бизнисмени од регионот овој викенд ќе примат вакцина против ковид-19 во соседна Србија.
Ова е најавата која дојде од коморскиот инвестициски форум со акција за побрза имунизација на бизнисмените од Западен Балкан.
Како што соопшти првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески, 10 000 вакцини се обезбедени за вакцинација на бизнисмени од регионот.
„Со оваа акција исто така се потврдува слоганот на Коморскиот инвестициски форум – Еден регион, една економија. Можеме да потврдиме дека во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија во текот на денешниот ден се остварува интензивна активност да се направи најдобриот можен избор на лица од бизнисот чии работни места неопходно се врзани за патување, движење и контакт со многу луѓе, да на овој начин станат оперативно способни да можат да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата во борбата против пандемијата“, посочува Азески.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




