19 Декември, 2025
0.2690

КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ВО АКЦИЈА ЗА ПОБРЗА ИМУНИЗАЦИЈА НА БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

10.000 вакцини обезбедени во текот на викендот за бизнисмени од регионот

Објавено во: Економија 24 Март, 2021 17:15

Добивај вести на Viber

Бранко Азески, ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум

Во понеделникот оваа недела, во мојата редовна колумна објавена во Фактор, се обидов на може прецизен и јасен начин да ја појаснам улогата на Коморскиот инвестициски форум, како една од трите институции на подрачјето на Западен Балкан, која се обидува да ја подигне размената и да ги елиминира бариерите во економската соработка помеѓу Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Денеска тие интенции добија и конкретна потврда со заедничката акција на оваа институција за имунизација на бизнисмени од регионот, која е во интерес на одржување на бизнисите и работните места.

Оваа акција на Стопанската комора на Србија која заедно со Стопанската комора на Северна Македонија беше реализирана во рамките на Коморскиот инвестициски форум, се однесува на бизнисмените од 6-те земји на Западен Балкан. Ние во петокот разговараме за оваа тема на состанокот на Управниот одбор, која се одржа во Подгорица, но сме изненадени од брзината на позитивниот одговор на српската страна, што уште еднаш ја потврдува тезата дека бизнисот не признава граници и во секоја ситуација ја изразува својата кооперативност.

Со оваа акција исто така се потврдува слоганот на Коморскиот инвестициски форум – Еден регион, една економија. Можеме да потврдиме дека во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија во текот на денешниот ден се остварува интензивна активност да се направи најдобриот можен избор на лица од бизнисот чии работни места неопходно се врзани за патување, движење и контакт со многу луѓе, да на овој начин станат оперативно способни да можат да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата во борбата против пандемијата.

Коморскиот инвестициски форум и понатаму продолжува со активностите за поддршка на компаниите и бизнисмените од регионот на Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд