Добивај вести на Viber
Нова водоводна мрежа се поставува во Демир Хисар во изминатиов период, која според очекувањата треба да биде готова напролет. Станува збор за замена на старата азбестна водоводна мрежа и изградба на нова во која што се вградени висококвалитетни материјали што ги задоволуваат највисоките еколошки и техничко – технолошки стандарди.
На терен работат екипите на фирмата – изведувач „Инсталација“ дооел, а водоводната мрежа се реконструира на потег од 2190 метри.
Новата мрежа ќе значи подобрување на квалитетот и редовноста во снабдувањето, како и намалување на дефектите и неконтролираните загуби на вода во мрежата.
Инаку овој досега најголем водоснабдителен зафат во градот се реализира во рамките на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ на Министерството за транспорт и врски што се финансира со средства од Европската инвестициска банка.
Општината Демир Хисар уште во февруари минатата година, во кокнуренција на 121 поднесени проекти, аплицираше со свој проект кој што беше еден од 29 – те предложени, највисоко рангирани и одобрени од страна на Европската инвестициска банка.