Нова жртва и уште 26 нови случаи: Почина пациент од Дебар
Објавено во: Македонија 30 Март, 2020
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, со што вкупно се заболени 285 лица.
Министерот Венко Филипче информираше и дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал еден пациент на 79 години, од Дебар.
„Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март, соопти министерот на фејсбук.
Дополнително од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба била добра и тие заминале дома.
Целосен преглед за состојбата на новозаболени по градови министерот најавува за подоцна, затоа што како што вели дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.