10 Јуни, 2023
0.0317

Новата директорка на германската комора: Инвестиција за производство на батерии доаѓа во Македонија, рецесијата нема да влијае на размената

Објавено во: Економија 26 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Новата директорка на Германската стопанска комора (АХК) во Македонија, Антје Ванделт, на својата прва средба со медиумите објави дека германската компанија за напредни батериски системи ќе биде следната германска инвестиција во земјата.

- Тоа е компанија која произведува батерии за мопеди, тротинети и други помали производи од индустријата. Бидејќи им се брза и сакаат што поскоро да започнат со производство, инвестицијата ќе биде браунфилд, што значи дека ќе превземат некоја постоечка фирма која има готов објект, а потоа ќе одат на гринфилд инвестирање, најави Ванделт.

Таа не откри каде ќе биде инвестицијата, но додаде дека во канцеларијата на АХК постојано ѕвони телефонот од страна на потенцијални германски инвеститори кои се заинтересирани да дојдат во Македонија.

Ванделт претходно ја претставувала германската комора во Латинска Америка и во Русија. Нејзиниот став е дека македонските работници не треба да заминуваат во странство, туку да вложуваат во своето стручно знаење.

- Секаде има недостиг од стручни кадри. Знам дека емиграција на работници имаше од Латинска Америка во САД. Не е работата во тоа колкав е бројот на работници на кој можеме да се потпреме, туку колку тие се квалификувани.. Треба да се инвестира во образованието и во професии за кои пазарот на труд има потреба. Треба да биде и јасно дека квалификуваните работници треба да бидат и добро платени, смета новиот предводник на АХК.

Венделт најави дека во иднина во Македонија на цена ќе бидат механтроничарите и индустриските техничари, а приоритетно ќе биде и да се стабилизираат синџирите на снабдување, индустриското производство да не се концентрира само на автомобилските компоненти туку да се прошири и на другите потреби за примарниот германски пазар, да се вложува во зелената енергија и во третманот на отпад.

Германија бележи пад два квартали по ред и од вчера официјално влезе во рецесија, но според Венделт, тоа нема да влијае негативно на трговската размена со Македонија и воопшто на македонската економија, која е екстремно зависна од германската.

- Имаме пад на личната потрошувачка поради инфлацијата. Цените за греење беа многу високи во изминатиот период и тоа значеше дека помалку ќе се троши за други работи. Во следниот период сметките за струја и гас нема да бидат високи и потрошувачката повторно ќе се придвижи, вели таа.

Ванделт во таа насока потсети дека во 2022 трговската размена помеѓу Германија и Македонија изнесувала 4,8 милијарди евра на ново повисоко рекордно ниво.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати