Новата година во Србија донесе либерализација на пазарите на струја и гас
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2013 13:44
Со почетокот на 2013 година, во Србија доаѓа до либерализација на дел од пазарите на електрична енергија и гас, за потрошувачите кои во иднина ќе мораат да купуваат струја и гас на слободните пазари.
Со новиот закон за енергетика, либерализацијата на пазарите за електрична енергија ќе важи за 27 големи индустриски потрошувачи кои сочинуваат 9,5 отсто од потрошувачите во земјата, а ќе биде отворено и 40 отсто од пазарот за гас.
Инаку потрошувачите на струја за кои почнува либерализацијата на пазарот ќе можат да склучат договор за снабдување со еден од 20-те активни снабдувачи, кој ќе го изберат на пазарот.На слободниот пазар за електрична енергија од 2014 година ќе се најдат и околу 4.000 потрошувачи на среден напон.Од 2015 година либерализацијата ќе важи за 82 отсто потрошувачи на гас, како и за домаќинствата и малите купувачи на електрична енергија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





