Новата опција на Ајфонот, алатка за повеќе пари
Објавено во: Анализа 21 Септември, 2013 09:02
Промоцијата на новите Ајфони донесе една интересна содржина која беше претставена како новитет кој ќе им биде корисен на корисниците со цел да имаат поголема заштита. Се работи за скенерирање на вашиот отпечаток. Што би рекло телефонот го познава вашиот отпечаток и со тоа се нуди добива врвна заштита на неговиот сопственик.
По смрта на Стив Џобс во Епл се чувствува една креативна празнина која се чини дека нема кој да ја пополни. Американските емисии се полни со скечеви кои се исмејуваат на ова што во моментов се случува во компанијата која беше креативен технолошки мотор на земјата. Сепак, по заминувањето на Џобс можеби и можевме да очекуваме ваков развој на настаните и веројатно времето ќе покаже дали потрошувачите ќе бидат доволно трпеливи додека во компанијата не дојде некој налик на Џобс кој повторно ќе го запали креативниот мотор. Но, да се вратиме на новитетот. Делува дека оваа опција за скенирање иако се продава како заштитна алатка сепак е нешто повеќе од тоа. Креативците во Епл сепак останала инвентивни во делот кој треба да ви ги извлечете парите од картичката. Еве зошто...
Сите Вие кои користите Ајфон знаете дека кога влегувате во продавницата треба да внесете шифра и потоа да потрошите некој долар за апликацијата која сте ја одбрале. Луѓето од Епл не се баш задоволни од трошењето и тука влегува оваа нова играчка. Анализите на компанијата покажале дека голем дел од луѓето се премислуваат додека ја внесат шифрата, а голем дел од нив ја забораваат па воопшто не ни купуваат преку телефонот.
Но сето тоа сега ќе биде минато. Откога ќе си се скенирате нема да има потреба од дополнителни шифри со броеви и букви. Доволно ќе биде да си влезете во продавницата и за неколку долари да си ја купите омилената аплика за...што и да е.
Компаниите мака мачат да ги натераат луѓето да ги користат телефоните како средство за плаќање. Иако иднината ќе донесе телефонот да биде буквално се (лична карта, картичка за плаќање, возачка и сл) во моментов работите на одат баш како треба за оние кои инвестираат во оваа работа. Прокетот Гугл Волет или паричник, стартуваше на крајот на 2011 година, но оваа апликација за плаќање засега тешко се пробива на пазарот.
Како ќе пројде Епл, ќе дознаеме за некој месец кога ќе излезат новите резултати на компанијата.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





