05 Декември, 2025
0.0405

Новата зграда на Министерството за финансии ќе чини 15, 5 милиони евра

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2013 10:09

Добивај вести на Viber

15,5 милиони евра ќе и плати Министерството за финансии на компанијата ЛСГ Билдинг Солушнс ДООЕЛ од Скопје. Разликата меѓу двете добиени понуди е околу 50.000 евра. Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки, Министерството за овие пари бара изведување на градежни, градежно занаетчиски и инсталатерски работи, како и внатрешно и надворешно уредување на новиот објект на Министерството, кој ќе биде лоциран на улица “Луј Пастер“ бб, во центарот на Скопје. Министерството за финансии ја склучи оваа зделка за доградба на поранешна Југобанка, објект кој се простира на површина од 14.000 метри квадратни, откако пред речиси една година Министерството го раскина договорот за градба со словенечката компанија Енергоплан. Според последните јавнодостапни информации, во новата административна 11-то катница покрај Министерството за финасии планирано е да се сместат и Бирото за јавни набавки, Државниот девизен инспекторат и Управата за имотно-правни работи. Услов за градежните компании да се јават на тендерот беше доказ дека фирмите до сега имаат изведено најмалку три објекти од високоградба во последните пет години, чијашто вкупна квадратура не е помала од 10.000 метри квадратни со вкупна вредност поголема од 10.000.000 евра. Од понудувачите се бараше и да имаат лиценца „А“ за изведување. “Компанијата треба да има високо стручен кадар кој ќе биде ангажиран за реализација на предметот на набавката и тоа за главен инженер за изведба - раководител на градба - архитект или градежен инженер со работно искуство над 10 години и овластување „А” издадено од Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија, минимум двајца дипломирани инженери архитекти или дипломирани градежени инженери, најмалку по двајца дипломирани електро и машински инженери со овластување „А” издадено од Комората, како и најмалку пет дипломирани градежни инженери со овластување „А” издадено од Комората на овластени архитекти и инженери. Главниот инженер за изведба - раководител на градба да бил главен инженер на градба на минимум три изведени објекти/градби од високо градба во последните пет години во земјата или странство, а чијашто површина кумулативно не е помала од 5.000 метри квадратни“, пишуваше во огласот од Министесрството. Од потенцијалниот инвеститор се бараше да располага и со своја опрема и механизација. Познавачите коментираат дека строгите “правила на игра“ ја стеснуваат конкуренцијата и можноста за намалување на цената.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите