19 Декември, 2025
0.0446

Нови 1600 вработувања во државната администрација

Објавено во: Економија 10 Април, 2013 19:59

Добивај вести на Viber

1.600 лица од социјално загрозени семејства ќе бидат вработени во јавната администрација. Ова го објави денеска премиерот Никола Груевски, кој посочи дека ова е крупна социјална мерка која делумно ќе го намали проблемот со невработеноста во земјата. За овој проект може да аплицираат оние кои како невработени се пријавуваат повеќе од 10 години, потоа лица со многу деца, лица од самохрани и еднородителски семејства и оние граѓани каде во нивното семејство нема ниту еден вработен. Лично Премиерот информираше дека оние што ќе аплицираат за оваа мерка за вработување, треба да исполнат неколку критериуми меѓу кои: висината на приходите, бројот на деца во семејството, години на невработеност, самохрани родители и еднородителски семејства.Првите огласи за вработување ќе се објават во текот на мај, по што ќе следува нивно тестирање и избор, а пред да започнат со работа ќе минат низ процес на обуки и доквалификации. „Очекуваме оваа мерка на годишно ниво да изнесува околу 7-8 милиони евра во зависност од тоа колкав процент ќе бидат со средно, а колкав со високо образование така што и висината на платите ќе биде различна. Инаки постои начин оваа сума да се вклопи во буџетот за 2013 година“, рече Груевски.
Во присуство на целиот владин врв, Премиерот го најави и новиот Закон за администрација кој ќе пропишува високи стандарди при вработување во јавната администрација. „Владата подготви нов закон за администрација и други закони поврзани со тоа, во кои покрај останатото, се третира и приемот на вработување, кој што ќе биде со високи стандарди и ќе се применуваат строги критериуми за знаење и стручност“, рече Груевски.  

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра