25 Ноември, 2024
0.0404

НОВИ 164 ПОЗИТИВНИ: Петмина ја изгубија битката со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Петмина ја изгубија битката со Ковид- 19. 

За 24 часа починале пет лица од коронавирус, а потврдени се 164 нови случаи.

Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а најмногу нови случаи се регистрирани во: Скопје-59, Свети Николе – 23 и Дебар – 18.

Во Куманово-12, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кичево-6, Ресен-1.

Починати се пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти“, информираат од Министерството за здравство. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 284
• Аеродром – 171
• Бутел – 139
• Гази Баба – 202
• Центар – 151
• Карпош – 146
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 123
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 32
• Илинден – 21
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 69

Вчера осум луѓе починаа од коронавирусот. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Тепачка во Итна медицинска помош = Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош = Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни