Нови 427.000 луѓе во светот се заразени за едно деноноќие
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Нови 427.000 луѓе во светот се заразиле со коронавирус за 24 часа.
Овој податок го соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во последното деноноќие најмногу нови позитивни случаи е регистриран во Северна и Јужна Америка (183.039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172.843 нови случаи.Од почетокот на пандемијата бројот на заразени надмина 112,64 милиони луѓе, а починале вкупно 2.501.229 пациенти. САД, Бразил и Индија остануваат на врвот по бројот на заразени.
Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и на тој начин да обезбеди подобра заштита од нови варијанти на коронавирус. foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.