05 Декември, 2025
0.0460

Нови 8 милиони евра за Националната арена „Филип Втори“

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2013 14:12

Добивај вести на Viber

За десетина дена ќе стартува фасадно обликување и илуминација на Националната арена „Филип Втори“ со активности во првата фаза на Источната трибина.  За вкупното фасадно уредување се планира инвестиција од  осум милиони евра до девет милиони евра.

- Во тој износ ќе има дополнително изземање на одредени ставки, што би можеле да бидат ставени подоцна, или пак  ќе се намали или зголеми зависно од тоа дали ќе се одлучиме да поставиме илуминација во првата фаза или не, рече денеска на прес-конференција директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост, Цветко Гроздановски.

Во првата фаза се планира инвестиција од 2,5 милиони евра, со вклучен ДДВ, но во тој износ не влегуваат трошоците за градежните активнисти за опремување на подтрибинскиот простор. По завршување на првата фаза со фасадно обликување и илуминација на Источната трибина,  треба да се пристапи кон доизградба на подтрибинскиот простор. Со тоа ќе се стават во функција 3.153 метри квадратни корисен простор со комерцијална намена, со можност заинтерсираните правни субјекти  да го доопремат и да го користат за сместување, информира Гроздановски.

Градежните работи ќе ги изведува ГП „Бетон“ коешто треба да достави динамика за реализација на активностите. Гроздановски очекува  да се почне со работа  за десетина дена со поставување на челичната поттконструкција на која подоцна  ќе се постават алуминиумските профили и фасадното обликување  на Источната трибина, а да се заврши за три до четири месеци.

Според Гроздановски, по завршување на првата фаза зависно од обезбедување на  финансиските средства ќе се изврши  фасадно  обликување и илуминација и на Северната и на Западната трибина со доизградба на останатите подтрибински  простори. Во функција ќе се стави простор од 12.139 метри квадратни за комерцијална намена.

АД за стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост дополнително ќе одлучува за продажба или издавање на просториите, но, како што рече Гроздановски, сега  во нивен интерес е да се оспособат и да се издадат под закуп за да се обезбедат плати за вработените и да се покријат потребните трошоци за арената „Филип Втори“.

- Со овој простор што  ќе го понудиме како нов и атрактивен во Градскиот парк,  во центарот на Скопје, сметам дека интересот ќе биде голем затоа што анкетата што ја направи нашето одделение за маркетинг покажа дека правните субјекти имаат интерес да вложат, односно да добијат  простор којшто знаат дека  долг временски период ќе им биде од корист и ќе биде издаден, рече Гроздановски.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на апликацијата на Фудбалската федерација на Македонија за домаќин на Европското првенство во фудбал во 2020, Гроздановски истакна дека како АД во државна сопственост ќе излезат максимално во пресрет, а арената „Филип Втори“ ќе биде максимално подготвена.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите