05 Декември, 2025
0.0743

Нови 800 вработувања во здравството, огласите по Нова година

Објавено во: Економија 27 Декември, 2012 14:25

Добивај вести на Viber

На последната владина седница, а  на предлог на Министерството за здравство донесена е одлука за вработувања на нови 800 лица во јавните здравствени установи, претежно медицински сестри, лаборанти, медицински техничари и среден медицински персонал, информираше министерот Никола Тодоров.

„Има волонтери кои повеќе од 10 години волонтираат во ЈЗУ. За мене позагрижувачко е тоа што во поголем број здравствени установи волонтерите се оние кои ја носат практично работата и овозможуваат нормално фукционирање на ЈЗУ. Во еден стабилен здравствен систем тоа не треба да биде случај и заради тоа Владата имајќи ги предвид сите овие факти и аргументи донесе една стратегиски важна одлука за развојот македонскиот здравствен систем“, рече Тодоров. Според најавите, новите вработувањата треба да се случат до година. „Уште на почетокот на наредната година ќе побараме од Министерството за финансии согласност за вработување во првата фаза на 400 лица, а во втората уште 400 лица.Првата група вработувања треба да се реализира до средината на годината и лицата да почнат со работа од 1 јули, а втората група вработувања треба да се реализира од почетокот до крајот на септември или почетокот на октомври и тие да почнат со работа во октомври или ноември“, истакна Тодоров. Вработувањата, според Тодоров ќе се вршат преку огласи, а потоа ќе се организира тестирање односно ќе има стручен тест, ќе се земаат бодовите од просекот, се прави ранг листа и најдобрите тројца кандидати одат на интервју пред комисија формирана од страна на директорот на ЈЗУ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?