20 Декември, 2025
0.1478

Нови дваесет стипендии за студии од втор циклус на Универзитетот Шефилд

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2015 11:53

Добивај вести на Viber

Отворен е конкурсот за нови дваесет студенти кои ќе добијат можност да се стекнат со стипендија „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на извршно ниво (ЕМБА) на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - Сити Колеџ, лоциран во Солун.

Стипендиите се достапни во областите Општ менаџмент, Маркетинг, Финансии, Менаџмент во логистика, Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси. Стипендијата е целосна, односно средствата за уписнина ги обезбедуваат подеднакво, Владата на Република Македонија и Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

Заинтересираните кандидати потребно е да исполнуваат одредени услови, да имаат завршено академски универзитетски студии од прв циклус  со  постигнат просечен успех од најмалку 8,00, работно искуство од минимум 3 години, одлично познавање на англискиот јазик и да се постари од 24 години.

sefild 2

Стипендиите се доделуваат како дел од успешната соработка меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - Сити Колеџ и Министерството за образование и наука на Република Македонија, што се одвива повеќе од 10 години по ред и досега повеќе од 200 менаџери од највисоки нивоа од различни сектори во државата го надградиле своето знаење. Стипендиите Борис Трајковски даваат одлична можност за кандидатите да ги надградат својот талент, знаења и вештини на еден од најпрестижните универзитети, рангирани на светско ниво.

Програмата за стипендирање е достапна за стручни лица од различни профили и бизнис менаџери вработени во компании од приватниот и јавниот сектор. Извршната МБА програма се реализира за време на викенди, во Солун, Грција.

Конкурсот е отворен до 26 јуни а деталите во врска со истиот се објавени на специјализираниот портал на Министерството за образование и наука на Република Македонија, www.stipendii.mon.gov.mk

За повеќе информации, заинтересираните кандидати исто така можат да се обратат и до канцеларијата на Универзитетот Шефилд во Скопје, на телефонскиот број 3064 533.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии