05 Декември, 2025
0.0780

Капитални трансфери од Министерството за култура за плоштадите ВМРО и Мајка Тереза

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

Ќе се реконструираат и доградуваат објектите кои се наоѓаат во близина на плоштадот ВМРО и плоштадот Мајка Тереза. Овие измени во Програмата за реконструкција и доградба на објеки во Централното градско подрачје, ќе се најдат пред градските советниците на закажаната седница следната недела. Од Градот Скопје образложуваат дека е потребно да се направи реконструкција и доградба на овие објеки, поради нивната фактичка состојба. Заради нивната состојба има потреба од реконструкција и доградба на објектите. Објектите се со оштетени фасади, а кај некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем. Реконструкцијата на фасадите и реконструкцијата и доградбата на објектите се предвидува да се реализира на објектите на Плоштад ВМРО и Плоштад Мајка Тереза за кои има потреба. Оваа програма предвидува финансиски импликации кои се обезбедени за таа намена во Буџетот на Град Скопје и средства од капитални трансфери од Министерство за култура, стои во образложението од Град Скопје. Засега не е познато во кој архитектонски стил ќе се реконструираат фасадите, но со оглед на опкружувањето не е исклучена можноста да бидат во неокласичен стил. Во Буџетот за Град Скопје за 2014 година за реконструкција на фасади на објекти се предвидени близу 2,3 милиони евра. Реконструкцијата на фасадите на зградите во централното градско подрачје ќе продолжи и во следните две години. За таа намена во 2015 година нешто помалку близу 2,3 милиони евра, а во 2016 година 2,1 милиони евра. Фасадите на зградите се реконструираат во неокласичен стил. Овој период треба да почне фасадирањето во неокласичен стил на дел од зградите во центарот на Скопје. Прва за реконструкција ќе биде фасадата на зградата број 9 на улицата “Никола Вапцаров”. Градските власти кон крајот на месец декември минатата година го потпишаа договорот со градежната компанија “Бауер БГ”, за реконструкција на фасадата на оваа зграда. Идејното решение е на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставрески, кои се креатори и на другите барокни фасади на зградите во централното градско подрачје. За реконструкција на оваа фасада, Градот Скопје ќе плати околу 350 илјади евра. Следни за реконструкција ќе бидат зградите со број 2-4 и 12, исто на улицата “Никола Вапцаров”, а потоа зградите со број 22-24 на булевар „Димитрие Чуповски“ и со број 25, 35 и 001 на улица „Македонија“. Основните проекти за реконструкција на фасадите на 23 објекти во центарот на Скопје ги изработија компаниите фирмите „Архитектоника“ од Скопје и „Проинг Љубе“ од Битола. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите