НОВИ ГЕРМАНСКИ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ, ЌЕ ИМААТ ДОПОЛНИТЕЛЕН БОНУС: Стапуваат на сила од 1 јули
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2023 12:22
Работниците кои сакаат дополнително да се усовршуваат за да
се стекнат со професионална квалификација ќе имаат право на дополнителен бонус
од 150 евра месечно.
Новите правила кои ќе влијаат на паричните приходи на германските жители стапуваат на сила од 1 јули оваа година.
Граѓанскиот приход од јули е зголемен за сите оние кои ги добиваат покрај месечните примања. Тоа значи дека со приход меѓу 520 и 1.000 евра сега можете да добиете 30 отсто, наместо досегашните 20 отсто од граѓанскиот приход.
Според информациите на Сојузното Министерство за труд и социјална политика (БМАС), тоа значи дека паричникот на многу жители ќе има и до 48 евра повеќе од износот на примениот граѓански приход. Меѓу другото, германските власти ќе воведат бонус за продолжување на образованието, пишува порталот Феникс.
Владата најави дека работниците кои добиваат граѓански надомест, а сакаат дополнително да се усовршуваат за да се стекнат со професионална квалификација, ќе имаат право на дополнителен бонус од 150 евра месечно.
- Дополнително, можат да добијат и бонус за обука за полагање на средно и завршен испит - велат од Заводот за вработување.
Тука е и остварувањето на правото на 75 евра месечно како дополнителен надоместок за доусовршување кое трае подолго од осум недели и не е насочено кон стекнување професионална квалификација. Оние кои имаат потреба од основни вештини како што се подобро читање, математика или компјутерски вештини, со овој паричен надомест имаат можност да се подобрат.
Учениците, студентите и специјализантите исто така ќе имаат корист од значајните промени кои ќе бидат воведени од 1 јули. Приходите во иднина ќе можат да ги одржуваат до лимитот за мини вработувања кој моментално изнесува 520 евра. Истото важи и за џепарлакот што го добиваат преку федералната волонтерска служба и доброволната социјална година.
Покрај горенаведеното, има уште неколку измени кои ќе стапат на сила од 1 јули. Породилниот додаток повеќе не е вклучен во граѓанскиот приход како што беше порано. Во случај на медицинска рехабилитација, веќе нема потреба од поднесување барање за преоден надомест. Наследството се третира како имот, а не како приход.
ФОТО: Unsplash/Lenny KuhneМожеби ќе ве интересира
Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
