23 Ноември, 2024
0.0284

НОВИ ЛИЧНИ КАРТИ НЕ СЕ ИЗДАВААТ, ИАКО ГРАЃАНИТЕ ОДАТ ДА СЕ СЛИКААТ - законот за двојазични документи е заглавен во Собранието, за дотогаш МВР дава потврди

Објавено во: Македонија 11 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Нови лични карти не се издаваат и не се знае кога ќе ги има. Причина за тоа е блокираниот предлог закон за лични карти, со над 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, од кои 1.200 се од партијата Левица.

Граѓаните кои имаат потреба од вадње на овој документ за лична идентификација слободно можат да се јават во МВР, каде ќе добијат термин за сликање, но потоа кога ќе ја добијат новата лична карта, не се знае, и никој не може да прогнозира.

Она, пак, што е на некој начин утеха за нив, е фактот што сите што ќе се сликаат, од МВР веднаш добиваат потврда, со која можат да се ги вршат сите работи во институциите, на пример плаќање или било какви други трансакции во банка, на нотар, адвокат, и секаде каде што им е потребен овој документ.

Од МВР нагласуваат дека тие не се виновни воопшто за овој застој, бидејќи, и покрај тоа што кај нив се исполнети сите услови и нема никакви пречки, не смеат да ги издаваат новите лични карти се додека во Собранието не се изгласа Законот за лични карти, кој сега е блокиран со амандмани од опозицијата. Тие законот навреме го доставиле во собранието, уште од март, но тој се уште е блокиран.

А како што е познато, со новиот Закон е предвидено во личните карти да стои новото уставно име на земјава, но и личните карти да бидат двојазични. Така е прилагоден и новиот софтвер на МВР, но тие не смее да се издаваат се додека не се изгласа Законот.

Од МВР и самите нагласуваат дека своите лични карти веќе не можат да си ги подигнат над 30.000 граѓани.

„Поради тоа што Законот за лични карти е блокиран во Собранието, над 30.000 граѓани не можат да ги подигнат своите готови лични карти. Ова законско решение, МВР преку Владата на РСМ уште во март го достави во Собранието, сѐ со цел да може да ги помине собраниски процедури и да можеме да отпочнеме со примена на ова законско решение од 1 јули 2021, но истото е блокирано со 1.506 амандмани кои се поднесени од опозицијата“, објаснуваат од МВР за Фактор.

Притоа, како што потенцираат од министерството, ова законско решение не прецизира ништо друго освен тоа дека и кај личните карти од 1 јули треба(ше) да се применува уставното име на државата и да се применуваат одредбите од законот за употреба на  јазиците, односно сите заедници што живеат во државата имаат право на личен документ на сопствен јазик.

„Барањата на граѓаните за термин за фотографирање, односно аплицирање за издавање на лични карти редовно се примаат, од страна на МВР целата процедура се завршува, техничките можности на системот предвидваат печатење на сите лични докменти, вклучително и личните карти со новото уставно име, но не смееме да започнеме со издавање на новите лични карти сѐ додека Законот не биде на сила“, потенцираат од МВР.

Притоа, она што е најбитно за граѓаните, е дека додека не ја добијат личната карта, тие ќе имаат своевидна „замена“ за да ги остваруваат своите права пред институциите. Тоа е всушност исечок од барањето кој ќе им биде заменската лична карта.

„При поднесување на барањето за лична карта странките добиваат потврда (исечок од барањето) како доказ дека постапката за издавање на нов документ е во процедура, со цел остварвање на своите права низ инститциите во државата“, велат од МВР.

Оттаму за Фактор ги даваат и следниве податоци. Бројот на граѓани кои од 05 до 31 јули годинава поднеле барање за лична карта е 26.314, додека од 01 до 06 август се примени 4.864 барања за лични карти од граѓаните.

„МВР уште еднаш упатува апел до  пратениците час поскоро да го донесат ова законско решение, во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија“, велат од Министерството на Оливер Спасовски.

Моментално издадените личните карти со име на државата „Република Македонија“, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Овој закон, како што стои во него, требаше да почне да се применува од 1 јули 2021 година.

По донесување на Уставниот закон и Законот за употреба на јазиците, Министерството за внатрешни работи потпиша Рамковна спогодна за набавка на хардвер и софтвер за изготвување на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци), за чија реализација беа обезбедени финансиски средства во Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 6.563.436 евра и веќе, согласно утврдена временска динамика, се врши исплата.

„Наведените финансиски средства се однесуваат за целиот пакет на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци). Истовремено, укажуваме дека финансиските средства се враќаат согласно динамиката на издавањето на личните документи на граѓаните“, стои во предлог-текстот на Законот.

А, од над 1.500 амандмани, 1.200 се на Левица. Во февруари годинава пратеникот од таа партија, Борислав Крмов, по повод овој предлог закон, рече дека Левица е против етничка поделба во било кое поле на општеството, па поради тоа, остро се спротиставува на овој предлог закон, за што и поднесе повеќе од 1.200 амандмани.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип