06 Декември, 2025
0.0366

Нови мерки за штедење во скопските училишта- ќе се греат на гас

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2013 13:26

Добивај вести на Viber

Нови котли на гас добија средните училишта „Георги Димитров“ и „Здравко Цветковски“ во Скопје за загревање на своите простории. Инвестицијата за овие две училишта е околу 6,5 милиони денари. До крајот на годината ќе се гасифицираат уште „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“.

Министерот за образование и наука Панче Кралев и скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го посетија СУГС „Георги Димитров“ со што ја означија гасификацијата.

Трајановски информира дека претходно во СУГС „Георги Димитров“ имало парно греење, преку Топлификација, а училиштето плаќало годишно околу 4,5 милиони денари за загревање.

- Сега, со загревањето на гас трошоците на ова училиште ќе бидат околу 45-50 отсто помали. Покрај „Георги Димитров“ и СУГС „Здравко Цветковски“ ќе се загрева на гас. Инвестицијата за овие две училишта е околу 6,5 милиони денари. Изведувач на работите е „Гама“, изјави Трајановски по посетата на СУГС „Георги Димитров“.

Тој додаде дека за загревање на СУГС „Здравко Цветковски“ годишно се плаќало околу 6 милиони денари, а со гасификацијата, како што рече, ќе се заштедат околу 3 милиони денари.

Трајановски најави дека годинава ќе се гасифицираат уште неколку средни училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“ бидејќи се најблиску до гасификациската мрежа.

- Гасификацијата е еден модерен начин на загревање кога се работи за јавни установи, побезбеден и поенергетски ефикасен, но и посигурен. Генерално енергетската ефикасност на училиштата во Македонија останува приоритет за МОН. Се работи на проектирање за реконструкција на над 130 училишта. Таа фаза е завршена и следниот период ќе биде распишан тендер за реконструкција на овие 132 училишта или 192 градежни зафати на територија на цела држава, изјави министерот Кралев.

Програмата за реконструкција и изградба на нови училишта веќе е излезена, истакна Кралев, а согласно условите и можностите кои претстојат, во рамки на локалните избори, така ќе се распишуваат тендерските постапки. Кралев очекува годинава да биде успешна за изградба и реконструкција на училиштата во Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?