06 Декември, 2025
0.0320

Нови назначувања во Управата и во Надзорниот одбор на Атлантик Група

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2025 09:41

Добивај вести на Viber

Мојца Домитер е назначена за членка на Управата на Атлантик Група задолжена за човечки потенцијали и култура, што претстваува сериозна поддршка за Управниот одбор во спроведувањето на корпоративната стратегија и за идниот развој на компанијата.

На седницата која се одржа на 4 септември, Надзорниот одбор на Атлантик Група донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик претседател на Надзорниот одбор.

Надзорниот одбор ги потврди новите тригодишни мандати на членовите на Управата Лади Тедески Фиорио и Среќко Накиќ (од 3 октомври 2025), како и на Мате Штетиќ (од 9 ноември 2025), заедно со актуелните мандати на Емил Тедески, Невен Вранковиќ и Зоран Станковиќ. Досегашната сениор извршна директорка Мојца Домитер е назначена за нова членка на Управата на Атлантик Група одговорна за областа на човечки потенцијали и култура, со почеток на тригодишен мандат од 5 септември 2025. Со најновото проширување на Управата на Атлантик Група дополнително се зајакнува менаџерскиот тим во насока на реализација на корпоративната стратегија и идниот развој на компанијата, со свеста дека луѓето и културата се клучни за успешна работа.

Мојца Домитер има повеќе од 20 години професионално искуство во широкиот спектар на индустријата, вклучувајќи производи за широка потрошувачка, фармацевтска индустрија и телекомуникации. Во најголемиот дел од кариерата работи на обликување на стратегии и процеси поврзани со луѓе, водела оддели за човечки потенцијали во VIPnet, JGL Rijeka, а од 2011 година предводи клучни иницијативи од областа на културата, развојот на лидерство и процеси поврзани со луѓе во Атлантик Група. Во компанијата имплементираше групни состави базирани на учинок, талент и унапредување, со значаен раст на ангажираноста на вработените и зајакнување на препознатливоста на Атлантик Група како посакуван работодавец. Дипломирала психологија на Универзитетот во Ријека, завршила EXECUTIVE MBA на Cotrugli Business School и дополнително се усовршила на IESE во Лондонската Бизнис школа, во Ешриџ и на Харвард.

Со потврдениот нов состав на Управата на компанијата, Надзорниот одбор усвои и нови состави на неговите Комисии. Комисијата за ревизија сега ја сочинуваат претседателот Ларс Петер Елам Хакансон, членовите Андреа Гисле Јусен, Зоран Вучиниќ и Карл Вајнфуртер (избран на Главното собрание во јули 2025). Комисијата за развој на водство и надградување сега е сочинета од Моника Елизабет Шулце, членовите Флоренс Жантет, Весна Невистиќ, Александар Пекеч и Зоран Сушањ (надворешен експерт), а Комисијата за општествена одговорност и корпоративно управување сега е во состав од претседателката Ања Сетина Набергој, членовите Синиша Петровиќ и Нина Тепеш (надворешен експерт).

Покрај наведеното, на седницата членот на Надзорниот одбор Синиша Петровиќ беше повторно избран на функцијата Заменик претседател на Надзорниот одбор, а оваа должност ќе ја обавува заедно со веќе постоечкиот Заменик претседател на Надзорниот одбор Моника Елизабет Шулце.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј