16 Декември, 2025
0.0522

Нови огласи за нови работни места во администрацијата: Да не требаше обратно?

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2020 07:18

Добивај вести на Viber

Додека се бара чаре за огромната превработеност во државната администрација, а се најавува и трансфер на вработени во приватниот сектор, новите вработувања не запираат. Во услови на криза, неизвесност и нови преиспитувања, постојано се појавува „недостиг“ на вработени во некои државни институции. Вработуваат и општините, а Фактор веќе објави за нивните огласи. Сепак новите работни позиции во државните институции ги иритираат граѓаните. Велат се вработува партиски. Дополнителен бран на огласи се очекува по назначувањето на новите директори во државните институции. Комплетирањето на третиот ешалон од извршната власт трае во моментов.

Управата за водење матични книги која функционира под Министерството за правда објави вчера два огласи. Бара 15 луѓе – референти односно матичари за повеќе одделенија. Платата не е висока - до 16 илјади денари, ама вработени може да бидат лица со вишо или само со средно образование.

Едно лице бара Владата во секретаријатот за законодавство – плата 21.000 денари.

На крајот на минатата недела оглас распиша и Јавното претпријатија за железничка инфраструктура- Железници на Македонија. Отворија 12 работни места за 15 луѓе.

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен бара петмина нови луѓе.

Премиерот Зоран Заев најави неодамна дека ќе ја скрати јавната администрација за 20 проценти.

„Драстичното намалување на непродуктивните трошоци, вклучително тука и намалување на администрацијата за 20 проценти е нешто што ќе ослободи дополнителни финансиски средства за да ја помагаме економијата со капитални инвестиции. Нашата продуктивност мора да ја изедначиме со онаа на земјите од ЕУ, а тоа ќе дојде со доследно спроведување на реформите од правосудството до образованието, изјави премиерот Заев.

Претходно, на средба со стопанските комори рече дека 10.000 работници постари од 64 години, односно од 62, ќе мора да одат во задолжителна пензија со законот кој ќе биде изгласан во првите 100 дена од новата Влада.

„Станува збор за 10.300 работници кои се уште работат, според последните податоци кои ги добив од Министерството за информатичко општество и администрација. Но треба да се знае дека тука има варијабли, како универзитетски професори и здравствени работници, кои нема да бидат опфатени со законот. Според тоа, груба пресметка е дека станува збор за околу 10.000, рече Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Задолжителното пензионирање како мерка за рационализација стои и во новата програма на Владата.

Зборуваше и за префлрување работници од администрацијата во приватниот сектор.

Инаку Фактор веќе пишуваше дека Владата планира да ја намалува администрацијата, ама и да им ја зголемува платата на вработените во јавниот скетор кои ќе заслужат -  дополнителни пет проценти како додаток на плата по заслуга. Ова е исто така дел од програмата на Владата за следниот мандат од 2020 до 2024 година. 

„Фокусот на Владата ќе биде состојбите да ги промениме, со промени во структурата, квалитетот и големината на администрацијата. Ќе разгледаме неколку модели за намалување на обемот на администрацијата за 20 проценти, преку спојување на функции и надлежности на институциите, пензионирање на 64 години (со споменатите исклучоци), пакети за трансфер во приватен сектор или предвремено пензионирање. Вниманието ќе го насочиме кон вработување на квалитетни кадри и нивно задржување во државната служба, развој на нивната кариера и обука, наградување и плати, мотивација, стои во програмата на Владата.

Се најавува целосна реорганизација на јавната управа, која ќе започне веќе во оваа година. Се планира да се менува ситемот и навиката да „се чека од горе“, затоа што наводно ако сите одлуки ги носи еден човек, таа институција ниту е функционална ниту одржлива. 

Годинава е една од најтешките економски години попради кризата што ја предизвика пандемијата на Ковид – 19. Се очекува силен пад на домашната економија, а јавниот долг веќе надмина 60 отсто од БДП.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи