10 Декември, 2025
0.0561

Нови резови во француската економија

Објавено во: Свет 07 Ноември, 2012 17:09

Добивај вести на Viber

Француската влада вчера го обелодени новиот пакет мерки за помош на индустрискиот сектор, каде што е ставен акцент на даночните кредити кои треба да се финансираат со блако зголемената стапка на ДДВ-то и преку намалување на јавната потрошувачка. Францускиот премиер Жан-Марк Еро предложи нови поволности за инвестирање во иновациите, малите бизниси и професионалната обука, како и даночни олеснувања за компаниите кои нема да отпуштаат работници во Франција. Целта на овие мерки е да се намалат трошоците во поради сегашната криза. Мерки вклучуваат 20 милијарди евра даночни кредити во следните три години, како и можност за дополнителни 5 милијарди евра  идната година. Според ова, кредитите треба да изнесуваат околу 20 милијарди евра што одговара на 6 процентно намалување на трошоците за работна сила. Владата во Париз планира да финансира даночни олеснувања и стимулации со зголемување на основната стапка на ДДВ од сегашните 19,6 отсто на 20 отсто, почнувајќи од 1 јануари 2014. Исто така, сегашната намалена стапка на ДДВ за угостителите и домашните поправки, треба да се зголеми од сегашните седум на десет проценти. Со тоа ќе се соберат нови 6 милјарди евра. Исто така беше најавено намалување на јавните трошоци и здравствено осигурување за 12,5 милијарди евра, почнувајќи од следната година. Владата, исто така предлага воведување на нови „зелени“ даноци од 2016 година. Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот предупреди дека Франција мора да преземе храбри реформи за подобрување на конкурентноста, како што направија Италија и Шпанија. Во спротивно, ќе заостане зад нив, велат од ММФ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон