05 Декември, 2025
0.0334

Нови 70 скулптури и во Градскиот парк

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2012 13:39

Добивај вести на Viber

Скопскиот Градски парк во следните две години ќе се збогати со нови 70 скулптури, светлечки фонтани и други реквизити. Ваквите новитети, се предвидени со Програмата за партерно уредување и поставување на скулптури и урбана опрема во централниот дел на Градскиот парк, а за која следниот понеделник треба да гласаат и градските советници. Со Програмата е предвидено изградба на “Паркот на цивилизациите”, кој најверојатно ќе биде сместен позади ресторанот “Уранија”, а  каде што странските амбасадори ќе можат да донираат скулптури, нови влезни порти, игралишта за деца со композиции од едукативен и интерактивен карактер, локации за поставување на единечни скулптури, фонтани во облик на скулптура, фонтани со светлечки ефекти и млазови, најразлични чешми, летниковци, нови пешачки патеки, јавни тоалети и поставување на нова  водоводна, фекална, атмосферска и електрична мрежа. Новите содржини е планирано да се постават во централниот дел на паркот, односно делот од паркот во рамки на општина Центар ограничен со булевар “Илинден” заедно со новата улица Наум Наумовски-Борче и границата со општина Карпош. Како што стои во образложението од  Град Скопје, ваквото уредување на Градскиот парк, е од големо значење за сите жители на Скопје и неговото постојано унапредување и содржинско збогатување е со цел да што повеќе од жителите своето време да го поминуваат во паркот. Неговото унапредување е важно и од аспект на збогатувањето на зелените површни кои несоменоно треба да замемаат се поголем дел од урбаниот концепт на градот Скопје, се вели во образложението. Од Градот објаснуваат дека активностите кои се однесуваат на партерното уредување на  Градскиот парк, како и поставувањето на скулптурите и урбаната опрема, ќе се реализираат преку изработка на Архитектонско-урбанистички проект за Паркот и изготвување Основни проекти за реализација на Архитектонско-урбанистички проект, во согласност со законот. Засега не е познато колку точно пари ќе се потрошат за разубавувањетѕо на Градскиот парк, единстевно во образложенитео од Градот стои дека финансирањето на програмата ќе се изврши со средства кои ќе бидат обезбедени од буџетот на Град Скопје во текот на 2013 и 2014 година.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец