НОВИ СЛУЧАИ ВО СРБИЈА: Oд корона се заразени 18 луѓе
Објавено во: Балкан 11 Март, 2020
Скокна бројот на заразени од коронавирусот во Србија. 18 лица се позитивни и ова се најновите податоци на Министерството за здравство објавени на веб-страницата covid19.rs.
Првиот заразен во Србија е регистриран на 6 март, а вирусот е пронајден кај маж во Бачка Топола.
Вчера билансот беше 12 заразени.Србија забрани влез за странци кои доаѓаат од Италија, Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија.