Нови сорти ориз за поголем пласман во соработка со ТИКА
Објавено во: Агробизнис 15 Март, 2013 11:45
Производствен систем на квалитетни сорти ориз за зголемен приход на производителите на ориз и за подобар пласман на тој земјоделски производ ќе се развива во Македонија, преку размена на искуства со Турската агенција за соработка и координација за развој на производството и квалитетот на оризот.
Ќе се спроведува проект, чија основа е протоколот за соработка што денеска во Скопје го потпишаа македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претседателот на Секторот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Али Маскан.
- Се планира да се набават нови семенски сорти и генотипови ориз за истражувачки цели од Турција погодни за агро-еколошките услови во Македонија, рече Димовски, изразувајќи благодарност до ТИКА за големата поддршка што ја дава на земјоделскиот сектор во Македонија.
За следење и реализација на двегодишниот протокол ќе се формира управен комитет со претставници од Турција и од Македонија. Комитетот ќе заседава најмалку двапати годишно, а со него ќе претседава македонскиот министер за земјоделство.
Според Маскан, проектот е продолжение на соработката со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Претходно, посочи, се реализираше проект за развој на пчеларството, што успеа да влезе меѓу првите десет од страна на УНДП.
ТИКА има 14 претставништва на Балканот и во Централна Европа, преку кои реализира различни проекти, со цел размена знаења и искуства и соработка во областа на сточарството, пчеларството, органското земјоделство, шумарството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





