Нови трафостаници во Ѓорче Петров; ќе запрат ли конечно прекините на струја?
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2013
На барање на граѓаните на општина Ѓорче Петров, во населбата Стопански Двор овој месец ќе почнат градежни работи за поставување нова 10 киловолтна трафостаница, што ќе биде завршена за 60 работни дена, информираа од Општината.
„Со изградбата на новата трафостаница ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија на жителите во овој реон“, велат од Ѓорче Петров.
Од општината информираа дека во оваа локална самоуправа планирани се уште две нови трафостаници во Волково и Ново Село, како и воспоставување нова електродистрибутивна стабилна мрежа за Орман, Никиштани и Кучково.