Нови тротоари во две струмички села
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2013
Завврши поплочувањето на тротоарите во струмичките села Добрејци и Муртино, соопштија од Одделението за урбанизам при општина Струмица. Притоа направени се 1.680 метри квадратни тротоар покрак главната улица од влезот до центарот на село Добрејци, како и 2.100 квадратни метри во Муртино.
„Добрите веменски услови ни овозможуваат вакви зафати да се одвиват и на улицата Балканска, каде се врши отстранување на асфалтот од тротоарот и поставување на бекатон плочки“, изјави Стојан Динев, раководител во одделението за урбанизам во Струмица.Изградбата на тротоарите има за цел да ја зголеми безбедноста на децата и пешаците, кои за време на дожд и снег беа принудени да се движат по коловозот.