НОВИ ЦЕНИ: Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016 13:01
Бензините поевтинуваат за половина денар, a цената на дизелот останува иста.
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапува на сила од полноќ и ќе важи во наредните две седмици.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари за литар во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 денари за литар.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




