Нови воздушни напади и нови жртви на конфликтот во Јемен
Објавено во: Свет 08 Април, 2015 13:01
Борбени авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија се бомбардирани во база на Репубилканската гарда, сојузник на бунтовниците хуси, во Централен Јемен. Според сајтот на контролираното од хусите Министерство за одбрана двајца ученици се убиени во соседна установа, пренесоа агенциите.
Базата во близина на градот ИО, на 160 километри јужно од главниот град Сана, била погодена од најмалку пет бомби. Командантот на базата бил повреден.
Најмалку 540 луѓе се убиени, а 1700 - повредени во Јемен од 19 март наваму, изјави портпаролот на Светската здравствена организација Кристијан Линдмаиер, цитиран од Франс прес. Податоците се до 6 април.
Портпаролот на УНИЦЕФ Кристоф Булиерак соопшти дека од 26 март во Јемен се убиени најмалку 74 деца, а 44 се повредени. Организацијата, сепак, смета дека бројот на убиените деца е многу поголем.
Булиерак прецизира дека децата стануваат жртва или на оружје, или се индиректни жртви на конфликтот, бидејќи борбите влијаат врз структурите на здравството. Недостатокот на вода за пиење и прекинот на вакцинација се причина за зголемување на заболувањата, посочи тој.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја утврди денес хуманитарната ситуација во Јемен како многу критична и конкретно во Аден како катастрофална, пренесоа уште АФП, повикувајќи се на портпаролката на организацијата во главниот град Сана Мари Клер Фегали.
Таа истакна дека Јемен увезува 90 отсто од прехранбените производи.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев




