07 Октомври, 2024
0.0271

Новинарка сведочеше за претепувањето на Села - го нападнале најмалку шест луѓе

Објавено во: Македонија 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Една од новинарките кои на 27 април  на „крвавиот четврток“ беа во Собранието, денеска во судница ги препознаа лицата кои го тепале претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Таа раскажа што се случувало во Собранието на 27 април. 

„Бевме во прес центарот, каде Зоран Заев и Џафери требаше да имаат заедничка изјава. По изјавата во салата беа вклучени двата телевизора, на едниот од нив Тв Нова прикажуваше со дрон што се случува пред Собранието и така видовме дека луѓето влегуваат. Пратениците застанаа во десниот ќош, а новинарите во левиот”- кажа новинарката. 

Таа раскажа како беше претепан Села. 

,,Го маваа најмалку шест луѓе со се’ што ќе стигнеа. Тој се’ уште беше во стоечка положба, но се клатеше. Потоа падна на колена и мислам дека тоа им беше поттик да продолжат да го удираат. За кратко тој веќе беше паднат на земја со главата на подот. Тој не оддаваше знаци на живот, не се бореше”- раскажа новинарката.

Додека се слушале извици ‘Го убивте!’ еден од напаѓачите го фатил Села за косата. 

„Некој извика ‘Носете го!’ по што почнаа да го влечат“ – додаде новинарката. 

Таа денеска во судница препозна дел од лицата, но другите не можеше да ги препознае бидејќи имале маски на главите и се сеќаваше само на нивната гардероба. На барање на обвинителот, Судот дозволи таа да го погледне фото албумот кој е материјален доказ во постапката, по што таа препозна уште неколку лица. Одбраната пак, реагираше на ова бидејќи доказот се уште не е изведен.

Новинарката објасни дека откако излегла од прес центарот, новинарите биле евакуирани во канцеларијата на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој информирал дека Села е во критична состојба.

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер