Новинарот Драган Ристов почина од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Март, 2021
Македонски новинар почина од коронавирус. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на Драган Ристов кој почина поради компликации од Ковид-19.
Тој беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип. Во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ. 47- годишниот Ристов зад себе остави сопруга и две деца. За негово лекување се собираа средства.
За 24 часа од вирусот во земјава починаа 11 луѓе, а бројот на заразени расте.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.