23 Април, 2024
0.0419

Новини во законот за ДДВ

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Данокот на додадена вредност (ДДВ) е данок на потрошувачка и спаѓа во категоријата посредни даноци. Неговото пресметување и плаќање се уредува со Законот за данокот на додадена вредност. Во различните фази на пресметувањето и наплатата на ДДВ во ланецот на префрлање на даночниот товар на крајниот потрошувач (инциденцата на ДДВ) вклучени се многу субјекти кои остваруваат право на одбивање на данокот кој го платиле за своите набавки во претходните фази. Бидејќи, измените во Законот за ДДВ засегаат голем број на даночни обврзници, истите предизвикуваат внимание во јавноста.

Во моментов во собраниска процедура се наоѓаПредлог за измени и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се предвидуваат неколку новини.

Најнапред, се предвидуваат измени во рокот во кој регистрираните даночни обврзници за цели на ДДВ остануваат во системот. Имено, според постојното законското решение даночните обврзници кои се регистрирани за цели на ДДВ се обврзани да останат регистрирани најмалку во рок од пет календарски години, независно од висината на вкупниот промет кој го остваруваат во текот на истите. Како резултат на ваквото законско решение голем број на даночни обврзници покрај тоа што не го надминале пропишаниот праг и немаат искажано претходен данок за одбивање, во периодот од пет години по нивната регистрација обврзани се да поднесуваат даночни пријави за ДДВ. Со предложеното законско решение се предвидува исклучок од ова правило и на барање на даночниот обврзник надлежниот даночен орган може да изврши прекинување на регистрацијата во случај ако во секоја од двете претходни календарски години даночниот обврзник поднесува даночни пријави со вкупен промет кој не го надминува износот од 1.000.000 денари и ако во даночните пријави нема искажано претходен данок за одбивање. Со ова решение се намалува административниот товар за даночниот обврзник.

Покрај измените во делот на регистрацијата на даночните обврзници со предложените измени и дополнувања се предвидува проширување на опсегот на даночни ослободувања во земјата без право на одбивка на претходниот данок. Имено, според постојното законско решение ослободени од ДДВ без право на одбивка на претходен данок се образовните услуги и тоа: услугите за образование и воспитување на деца и младинци и услугите за доквалификување, преквалификување, како и услуги на училишта и центри за изучување на странски јазици. Ваквата дефиниција во постојниот закон значи дека правото на користење на образовни услуги кои нема да бидат оданочени со ДДВ, но за кои исто така не постои право на одбивка на претходен данок се само услугите поврзани со образование и воспитување на деца и младинци, што значи многу тесен опфат и проблеми во примена на законот во практиката, особено во високото образование.

Со цел да се допрецизира постојната одредба во предложеното законско решение се предвидува ослободувањето да се однесува и за услуги на училишно и универзитетско образование, како и за у слуги кои се вршат кон високообразовни установи со цел да се обезбедат услови за стекнување способности и вештини за вршење научно истражувачка дејност , вклучувајќи и менторирање за изработка и одбрана на магистерски или докторски трудови и за услуги кои се резултат на научно-истражувачка дејност согласно закон со кој се регулира научно истражувачката дејност.

Наредната измена се однесува на проширување на производите кои се оданочуваат по повластена даночна стапка од 5%. Така, имајќи го во предвид значењето на ветеринарната дејност за здравствената заштита на животните со понуденото законско решение се предлага лековите за ветеринарна медицина да се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5%, наместо со општата стапка од 18%.

Последно, со предложените измени и дополнувања на Законот за ДДВ е предвидено враќањето на данокот на додадена вредност покрај на шефот на дипломатското претставништво, на членовите на дипломатскиот персонал на странското дипломатско претставништво, на конзуларните функционери, како и на нивните брачни другари, (доколку овие лица стекнале добра или користеле услуги за лични потреби или за потреби на членовите на семејствата кои ги сочинуваат нивните домаќинства), да се врши и на административниот и техничкиот персонал на дипломатски и конзуларни претставништва кои не се државјани во земјата или немаат постојано престојувалиште во земјата. Со истото всушност се врши усогласување со Виенската конвенција за дипломатски односи.


Анета Димовска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска