18 Декември, 2025
0.6571

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево - Охрид ќе ја чека новата влада

Објавено во: Економија 15 Март, 2024 14:20

Добивај вести на Viber

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево - Охрид му е оставен на следниот состав на Собранието кој ќе треба да одлучи на кој начин по 10 години ќе продолжи проектот – дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат.

Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во изградба на локални улици во населба Хиподром, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Затоа сметам дека она што го направи Министерството за транспорт и врски е добра работа што се повика експерт којшто треба да направи анализа на се’ она што е направено досега, ревизија на она што е направено досега и Парламентот бидејќи се работи за договор којшто е со закон донесен, самиот договор е закон во Собранието Собранието во новиот состав да одлучи на кој начин ќе продолжи проектот – дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат, рече Ковачевски.

Собранието ќе треба да изгласа нов анекс на постоечкиот договор или да донесе нова одлука која што ќе ја дадат пратениците, по што проектот би продолжил откако ќе се формира новата влада.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа