22 Ноември, 2024
0.0284

НОВИОТ ГАЗДА СЕЛАУДИН АРИФИ СЕ НАЈДЕ НА ТЕШКИ МАКИ - еве колкава загуба „лапна“ заедно со „Жито Караорман“

Објавено во: Економија 07 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Откако ја купи „Жито Караорман“ од Кичево, доминантниот газда на млинско-пекарската компанија, Селаудин Арифи, по се изгледа дека се најде на тешки маки, па можеби во блиска иднина бизнисот нема да му оди мазно, бидејќи се соочува со глеми загуби во работењето на својот нов бизнис. 

Имено, компанијата во првото полугодие од годинава прикажува прилично тешка загуба од над 318 илјади евра, што е сериозно негативен финансиски резултат, откако во истиот период ланската година, истата оваа фирма, која тогаш не беше негова, туку тој таму беше само помал акционер, работела со добивка, иако не толку висока, односно била на сума од 41 илјади евра.

Што покажува Билансот на успех на компанијата.

Имено, компанијата остварила солидни оперативни приходи од 775 илјади евра, што е за дури 49 отсто повеќе од претходната година, што значи подобрување на приходната страна. Најголем дел од овие приходи се оние остварени од продажбата на домашниот пазар, кои се на износ од 742 илјади евра, што е исто така пораст за 43 проценти. И, само мал дел отпаѓа на останати оперативни приходи.

Но, ако приходите пораснале солидно, расходите поераснале многу повеќе. Па така, во првото полугодие од годинава тие достигнале 1,1 милиони евра, што е раст за 130 проценти, односно многу повеќе од порастот на приходната страна.

Најголем дел од овие расходи, на сума од 550 илјади евра, се набавната вредност на трговските стоки, додека, пак, најголем пораст, од фантастични 1.649 проценти, има кај услугите со карактер на материјални трошоци.

Инаку, во првите шест месеци од годинава друштвото немало финансиски приходи, додека, пак, имало финансиски расходи од 40 илјади евра.

„Високите расходите во овој период се должат на сеуште високите цени на енергијата потребна во процесот на работа и сеуште намалената функција на мелницата поради тоа, односно производство на брашно од сите типови“, напишале од компанијата во своето образложение на Билансот на успех.

Како што додаваат, дивидентата со одлука на Собрание на акционери оди за покривање на стари загуби.

„Во однос на вложувањата за нови материјални средства (машини и опрема) во овој период значајно е да се напомене дека се изврши комплетна реконструкција на ферментационата комора во износ од 1.537 илјади денари (25 илјади евра н.з.), и во наредниот период се очекува зголемување на квалитетот на финалните производи и заштеда на енергија во самиот процес на работа. Во престојниот период исто така се очекува зголемување на приходите со оглед на фактот дека се набавија поголеми количини на пченица и мелницата се очекува да работи со зголемен капацитет“, објасниле од компанијата, со што пракично најавуваат подобри денови за бизнисот.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво.

Потоа тој стариот Одбор на директори го разреши, а на нивно место се именуваа нови директори на компанијата. Единствен човек што остана од поранешниот одбор на директори е Слободан Јовески, кој всушност ќе биде извршен член на одборот, што би значело дека ќе биде генерален извршен директор. За други двајца неизвршни директори беа именувани Зоран Паневски и Арбиан Бајрами.

Како што веќе објави Фактор, од Жито Караорман веќе јасно објавија дека близу 51 отсто од капиталот на компанијата продал досегашниот доминантен акционер Сретен Миладиноски, а тој акционерски пакет го откупил Селаудин Арифи, кој беше помал акционер во компанијата. Тој сега поседува вкупно 74,19 отсто од акциите во „Жито Караорман“, а тоа се оние 23,52 проценти кои и претходно ги држеше, заедно со 50,67 отсто од акциите, кои ги докупи преку блок трансакција.

Но, Арифи не се задржува само на овој акционерски пакет од три четвртини, туку и на сите преостанати акционери им нуди целосно да ја преземе компанијата „Жито Караорман“, односно да стане целосен сопственик со 100 отсто од капиталот.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, една од владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни јавни набавки.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат