29 Септември, 2024
0.0256

НОВИОТ iPHONE: Мобилен паричник за револуција во плаќањата!

Објавено во: Анализа 02 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Технолошкиот гигант Apple планира да го направи следниот iPhone мобилен паричник. За целта компанијата соработува со платежни мрежи, банки и трговци. Партнери на компанијата во новиот потфат се Visa, MasterCard и American Express. Заедничкиот проект ќе им биде откриен официјално на 9-ти септември заедно со новиот iPhone модел. Според нивните планови уредот ќе ги направи мобилните плаќања полесни, бидејки за прв пат во уредот се вклучува и чип за NFC (комуникација во блиска област). Ова подобрување заедно со Touch ID, читач за препознавање на отпечатоци, кој дебитираше со последниот модел на iPhone, ќе им овозможи на корисниците да вршат плаќања со еден допир на екранот. Иако компании како Google инвестираат во создавање на можности за плаќања со мобилни телефони во реални продавници, американските трговците полека ќе се прилагодат кон овој процес, тврди Бен Бахарин, аналитичар на Creative Strategies во Сан Хозе, Калифорнија. Ова може да се промени, ако Apple влезе на овој пазар, бидејќи iPhone е со најголем удел на пазарот на паметни телефони во САД, коментира тој. Лидерството на Apple "Сакан или омразен, Apple е носител на голем дел од стандардите во индустријата", тврди Бахарин. "Тие се моторот на овие пазари. Кога ќе направат нешто индустријата изгледа ги следи ". Портпаролот на Apple Труди Милер одбива да коментира по ова прашањето, како и портпаролот на MasterCard Мајк О'Нил и тој на American Express. Претставниците на Visa не се достапни за коментар. За Apple мотивот за создавање на мобилен паричник е одржување на интересот на корисниците кон нејзиниот екосистем. На овој начин компанијата создава поголема лојалност кон брендот и ја одржува побарувачката на своите производи, тврди Бахарин. "Станува збор за задржување, решавање и додавање на функции кои ја поддржуваат базата ангажирана и ја прават лојална", коментира тој. Одот на Apple има уште една цел - создавање на поголеми приходи од околу 800-те милиони регистрации во iTunes, кои вклучуваат информации за плаќања, тврди Ричард Кроу, главен извршен директор на Crone Consulting, која ги советува трговците и банките по прашањата поврзани со мобилните можности за плаќање. Маркетинг платформа Досега сметките во iTunes се користат во онлајн продавницата на Apple, кој е доста помала од големиот пазар на трговијата на мало, тврди Кроу. Ако мобилниот паричник на Apple стане факт, тоа може да отвори нови можности за компанијата, вклучувајќи за создавање на маркетинг платформа, која ќе генерира приходи од рекламите од брендови кои сакаат да стигнат до купувачите, кои се наоѓаат во продавницата. Компанијата на Кроули наведува дека најчесто користен мобилен паричник годишно може да генерира околу 300 долари од еден корисник од реклама. Успехот на Apple во голема мера зависи од тоа дали услугата ќе биде усвоена од индустријата на мало, која е претпазлива во однос на преносот на податоците добиени за време на операции со трета страна, посочува Кроу. Група трговски синџири, вклучувајќи го и Wal-Mart Stores, создадоа компанија во 2012 година, која имаше задача да создаде мобилен систем за плаќања, но се уште не го презентирала производ на пазарот. К.К.