08 Октомври, 2024
0.0277

Новиот Клинички центар ќе чини 500 милиони евра, ќе биде готов за седум години

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Кредит од 500 милиони евра од комерцијални банки ќе позајми државата за да го изгради новиот Клинички центар во Ѓорче Петров во Скопје. Со овие пари ќе се покрие проектирањето, изведбата, обуката на лекарите и медицинскиот персонал кој ќе работи во државните клиники. Министерот за здравство Венко Филиче денеска изјави дека процесот на позајмувањето го води Министерството за финансии, но средствата ќе бидат од банкарски конзорциум од три банки, Рајфајзен, Уникредит и Ерсте банка. Се очекуваат поволни кредитни услови.

Според првичните проценки градежните активности треба да почнат веќе до крајот на оваа година, а првата фаза од изградбата ќе биде за три ипол години, кога ќе биде практично прегледан и првиот пациент. По етапи прво ќе се отворат хируршките клиники и интензивната нега. Целиот проект е планирано да биде завршен за 7 години кога се очекува изградбата целосно да заврши.

„Оваа есен би требало парцелата каде што треба да се гради новиот клинички центар да се обезбеди со патна инфраструктура, со водовод, канализација и гасоводна мрежа. Парцелата од 30 хектари на која треба да се гради Клиничкиот центар е во државна сопственост. Планирано е центарот да се простира на 105.000 квадратни метри“, истакна Филипче.

Здравствените власти сметаат дека со овој проект граѓаните ќе добијат современ европски клинички центар кој ќе биде во функција во наредните 6-7 децении.

Исто така, Филипче потенцира дека сегашниот клинички центар Мајка Тереза, има опција да остане во функиција и во иднина, за потребите на граѓаните коишто живеат во близина.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл