Новиот „смартфон“ на Гугл е распродаден во САД за 1 час
Објавено во: Стил
14 Ноември, 2012 09:15
Добивај вести на Viber
Најновиот паметен телефон на Гугл „Nexus 4“ од LG, беше распродаден во рок од еден час во САД.
Телефонскиот апарат се продаваше само во онлајн продавницата на Гугл, како и преку Т-Мобиле, но под двегодишен договор од компанијата.
Цената на „Nexus 4“ е 299 долари за 8-Гигабајтниот модел и 349 долари за 16-гигабајти, што значи дека послабиот модел има за 50 % пониска цена од Ајфон.
Од компанијата не соопштуваат колкав број на парчиња биле пуштени во продажба, но појаснуваат дека не бил очекуван таков интерес за новиот модел.
Сепак, со соопштение пуштено на социјалната мрежа Гугл+, ги информираат луѓето дека наскоро ќе биде достапна новата залиха на телефони за продажба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: