НОВИОТ СОЈ „ОМИКРОН“ ГИ ПОКОСИ БЕРЗИТЕ: Огромен пад на цената на нафтата
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2021 09:37
Цените на нафтата
денеска паднаа за повеќе од 5 отсто, на најниско ниво во последните два месеци,
бидејќи новата варијанта на вирусот Ковид-19 внесе страв и загриженост кај
инвеститорите дека може да има значителен вишок на понуда во првиот квартал од
2022 година.
Цените на нафтата потонаа заедно со светските берзи поради нервозата дека новиот вид на вирус може да го забави економскиот раст и побарувачката за гориво. Велика Британија и другите европски земји го ограничија патувањето од земјите во јужна Африка, каде што е откриена нова мутација на ковид.
Северноморската сурова нафта „Брент“ падна за 4,28 долари или 5,2 отсто, и се продава по 77,94 долари за барел, објави Ројтерс.
Американската сурова нафта WTI падна за 4,31 долар, или 5,5 отсто, и цената сега изнесува 74,08 долари за барел.
Двата вида нафта се на пат да ја завршат петтата последователна недела со загуба.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




