06 Декември, 2025
0.0390

Новите автопати ја зголемија вредноста на издадените одобренија за градба во март

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2014 13:50

Добивај вести на Viber

Во март одобренија за градба добија двете нови автопатски делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, како и предвидената реконструкција на дел од железничката пруга. Ова драстично ја зголеми вредноста на издадените одобренија за градба во март годинава, во споредба со истиот месец лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 21.644.061.000 денари, што е за 683,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Инаку, во март годинава се издадени 253 одобренија за градење што е за 9,5 проценти повеќе во однос на март лани. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 196 (77,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 30 (11,8 проценти) за објекти од нискоградба и 27 (10,7 проценти) за објекти за реконструкција. На 114 (45,1 процент) инвеститори се физички лица, а на 139 објекти (54,9 проценти) деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 592 станови, со вкупна корисна површина од 65.077 метри квадратни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија