05 Декември, 2025
0.0338

Новите автопати ќе ја раздвижат економијата во земјава?!

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2013 19:21

Добивај вести на Viber

Како резултат на 20-процентното зголемување на средствата за капитални инвестиции, ќе дојде до раздвижување на економијата во 2014 година, смета министерот за финансии Зоран Ставрески. Градењето на автопатите, вели тој, ќе ги придвижат во позитивна насока економските процеси во  земјава, а капиталните догодина истакна дека ќе достигнат над  520 милиони евра. „Дел од нив, околу 360 милиони евра се реализираат преку буџетот на РМ, а дел преку ЈП за патишта во изградба на нови патишта. Тоа покажува дека капиталните инвестиции ќе бидат силен замаец на развојот на македонската економија во 2014 година и ќе го придвижат економскиот раст“, нагласи Ставрески кој денеска беше во Валандово на отворање нов погон. За него се најзначајни двата автопата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, потоа изградбата на Коридорот 10, но и локалните и регионални патишта. Тоа ќе креира нови работни, смета тој, и ќе придонесе за поголем економски раст. „Таа политика на Владата и оваа година се покажа успешна и верувам дека догодина ќе даде уште поголеми резултати“, додаде Ставрески. Според најавите од Владата изградбата на новите автопати на овие делници треба да се реализира со кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени. Автопатот кој ќе започне со изградба на делница Скопје – Свети Николе – Штип ќе чини 206 милиони евра,  а автопатот на делницата Кичево-Охрид  е вреден 374 милиони евра. Во договорт има и одредба со која се предвидени десет проценти за дополнителни непредвидени работи. Автопатот Скопје-Штип треба да  биде во должина од 53 километри и рок за изградба од три години. Автопатот пак кој ќе се гради на делницата Кичево-Охрид, е во должина од 56,7 километри и треба да биде изграден за 45 месеци.  Проектото за изградба на автопатите со десет отсто до сумата ќе биде финансиран од Владата на Р.М, а останатите 90 0тсто до пари од кредит од Ексим банка. Главниот изведувач на градежните работи ќе биде должен да ангажира подизведувачи од Македонија за најмалку 49 проценти од предвидените работи, а исто така и да набави најмалку 49% градежни материјали од Македонија. Исто така изведувачот и подизведувачот при изградбата ќе треба да ангажираат барем 51 % македонски државјани.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите