05 Декември, 2025
0.0276

Новите дестинации на гастрабајтерите

Објавено во: Балкан 10 Март, 2013 18:54

Добивај вести на Viber

Младите од Босна и Херцеговина (БиХ) приликата да работат и да заработат за неколку месеци ја наоѓаат на луксузни бродови и авио компании, но и во Авганистан, пишува Дојче Веле. Не е новост дека младите се почесто заминуваат од дома и во странство го бараат своето парче леб. Нискиот стандард, малите плати и големата невработеност придонесоа за тоа голем број млади луѓе од БиХ се почесто да се одлучат да ја напуштат својата татковина. Но, според анализата на Дојче Веле, тоа не е толку едноставно. Работна довала за странство многу тешко се добива, па приликата да заработат нешто, а и да патуваат младите ја гледаат во луксузни крузери, странски авио компании, па дури и Авганистан. Дваесетгодишниот Ненад Момиќ од Бања Лука прв пат отишол на род пред шест години. „Платата која ја заработував во Бања Лука не беше доволна ни за основните мои потреби, а да не зборувам з апатувања, летување, зимување. Имав 23 години и одлучив да пробам нешто ново. Размислував да одам во Авганистан или на нафтена платформа, но на крај се ослучив за на брод“ вели Ненад. Тој добро знае англиски јазик, а работи како шеф на вработените во пабот и во останатите отворени делови на бродот. „Месечно заработував по 1.600 долари. Вработените во ресторан заработуваат по 1.200 долари, додека главниот келнер може да заработи и до 4.000 долари месечно. Разликите се големи, се зависи на која позиција сте. Собарките одприлика земаат плата од 2.500 долари, а најмалку заработуваат чистачите, 1.000 долари месечно“ објаснува Ненад. Ненад сега е побогат со големо животно искуство, бидејќи ја има заобиколено дел од Европа, од Финска до Украина , Италија и Грција, Бахами, Кариби, Калифорнија и многу други дестинации. Во потрага по работа младите одат и во Катар и во Соединетите Арапски Емирати каде работат за тамошните авио компании. Меѓу младите од БиХ најатрактивна држава за работа е и Авганистан.Оваа земја погодена од војна привлекува многу млади луѓе кои можат многу добро да заработат во американските бази. Емир Алјукиќ е еден од тие млади. Тој работел една година во Кабул административни работи. „Имав цел да одам нешто да заработам. Си реков само една година е, ќе издржиш. Се вратив, дипломирав и сега не знам што да правам понатаму. Ако не најдам работа, може повторно да одам, иако парите таму не се заработуваат лесно“ вели Емир. Според него, еден од основните недостатоци во оваа работа е ризикот на кој постојано бил изложен. Ова се само дел од примерите на младите од Босна и Херцеговина, а овој пример е и во сите земји од поранешна Југославија, каде поради високата стапка на невработеност, младите се почесто бараат начин во странство да заработат пари. Според анализата на Младинската информативна агенција на БиХ, дури 81% од испитаните млади луѓе изјавиле дека уште утре би си заминале од земјата ако им се прикаже поволна прилика.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии