05 Декември, 2025
0.0261

Новите мерки за штедење ја скараа грчката владина коалиција

Објавено во: Балкан, Финансии 24 Октомври, 2012 08:37

Добивај вести на Viber

Лидерите на Демократската левица и на социјалистичкиот ПАСОК во Грција се спротивставија на новите реформи кои од Атина ги бара меѓународната „тројка“ кредитори. И по состанокот со премиерот Андонис Самарас, тие нагласија дека нема да ги прифатат плановите за воведување дополнителни намалувања на платите. Според Фотис Кувелис, лидерот на Демократската левица ако се исполнат неприфатливите барања на тројката, тие ќе предизвикаат уште повеќе отпуштања, ќе ја зголемат невработеноста и рецесијата па ниту тој, ниту пратениците на Демократската левица нема да гласаат за таквите мерки. За Евангелос Венизелос од ПАСОК, неоправдано и провокативно било сега да се решава прашањето за реформите во трудовата политика иако промените нема да придонесат Грција да ги исполни фискалните цели. Друго прашање кое било пречка во текот на разговорите било противењето на ПАСОК за предлогот на германското Министерство за финансии за создавање депонентна сметка на која ќе се ставаат траншите од заемот за Грција и даночните приходи на земјата и врз која ќе има надворешна контрола. Владата на Самарас повеќе месеци паралелно преговара со шефовите на владејачките партии и со челниците на меѓународните кредитори - ЕК, ЕЦБ и ММФ околу пакетот мерки за штедење во износ од 11,5 милијарди евра.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година