06 Декември, 2025
0.1221

Новите патнички возови ќе се набавуваат од Кина

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2014 14:43

Добивај вести на Viber

Од кинеската корпорација CSR ќе се набавуваат четири дизел моторни гарнитури и две електромоторни гарнитури за превоз на патници во железничкиот сообраќај. Македонските власти денеска го потпишаа договорот со кинеската компанија, кој треба конечно да го модернизира патничкиот железнички сообраќај во земјата. Гарнитурите со капацитет од 1.200 патници треба да стигнат следното лето. Целосно ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди, како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност. Во трка за да ја снабди Македонија со нови возови беше и швајцарската компанија Штадлер Буснанг АГ, но швајцарската понуда беше поскапа за околу половина милион евра. Набавката на овие возови е само прв циклус од планираните инвестиции во железницата. „Владата планира голем инвестициски циклус во Македонската железница со изградбата на пругата кон Бугарија, реконструкцијата на железницата во Скопје како и набавката на нови вагони. Во следните четири години планирани се инвестиции од 250 милиони евра за трансформација и реорганизација на македонскиот железнички сообраќај. За набавка на нови патнички вагони предвидени се 25 милиони евра, за товарни вагони 15 милиони евра и 10 милиони евра се за рехабилитација на веќе постоечки возови“, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Започнуваме со креирање на нова слика за железничкиот транспорт во Македонија. Ќе направиме модернизација на железничката инфраструктура со квалитетен, ефикасен и ефективен превоз со модерни возови.Ова е долг и очекуван процес, бидејќи последниот воз бил набавен пред 35 години“, додава министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Кинеската компанија ветува дека навреме и во целост ќе го исполни договорот. „Досега нашата компанија има снабдено производи и сервиси за над 80 земји во светот. Во Македонија потпишуваме прв договор и мислам дека е многу важна иницијативата на македонската Влада да го подобри јавниот транспорт. Ветувам дека ќе ја оправдаме довербата и ќе понудиме супериорен квалитет“, вели претседателот на CSR корпорацијата Шу Цонгшијанг. Лани оваа компанија оставрила приход од 16 милијарди американски долари, а има склучено договори со клиенти во вредност од две милијарди долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија