25 Ноември, 2024
0.0269

Новите пратеници со помалку патни трошоци, но сепак месечните исплати остануваат високи

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Дали заврши времето на исплата за патни и дневни трошоци и до 2.000 евра месечно по пратеник, или тоа се должи на новонастанатите здравствени околности во земјата и светот во изминатата година, како и на новите правно-политички услови?

Од новиот собраниски состав по парламентарните избори на 15 јули, најголемата исплата на патни и дневни трошоци ја добил Дајанчо Ефтимов. Податоците на „отворени финансии“, каде што се одработени сите трансакции за 2020, покажуваат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е од Василево, во ноември лани добил 37.194 денари. Во истиот месец, во кој најверојатно се опфатени и стари раздолжувања по истиот основ, Ефтимов добил најголема вкупна исплата од 73.935 денари од 1 до 30 ноември.

Бети Рабаџиевска Наумовска, која е позната во јавноста по наплатата на високи дневници од претходниот состав, ја има втората најголема исплата во новиот собраниски состав во 2020. Пратеничката на СДСМ од Ресен имала две исплати во октомври - еднаш од 36.837 и уште еднаш од 26.195.

Понатаму следуваат Ангелинка Петкова (ВМРО-ДПМНЕ) од Гевгелија со 29.233 денари, Сурија Рашиди (Алијанса на Албанците) од Струга со 26.600 и Соња Михаиловска (СДСМ) од Делчево со 26.000 денари. 

Во Топ 10 се уште четворица пратеници од ВМРО-ДПМНЕ - Петар Ристески од Прилеп со 25.315 октомври, Јадранка Поцкова од Струмица со 24.435,  Александар Николовски од Охрид со 24.381 и Олга Лозановска од Битола со 22.696, како и Жаклина Лазаревска од СДСМ, со исплата од 22.502 денари за патување до Охрид.

Ова се далеку помали суми на еднократни исплати во однос на претходниот собраниски состав од 2017 до 2020, кога Агим Муртезанов од СДСМ бил рекордер со 197.202 денари за патни и дневни трошоци, пред Рабаџиевска Наумовска со 122.081, Алија Камберовски со 115.000, Крсто Мукоски со 112.450 и Мира Стојчевска со 111.968 денари.

Инаку минатогодишната анализа на Државната комисија за спречување на корупција  покажа дека најмногу пари за патни трошоци биле исплатени во 2015 година - 770 илјади евра; во 2016 година биле исплатени  698 илјади евра. понатаму во 2017 - 512.000, во 2018 - 522 и во 2019 најмалку - 390 илјади евра.

Намалувањето на исплатата на надоместокот е поради измената на Одлуката за висината на надоместокот во 2018 година, од 30 проценти на 20 проценти, но и на зголемувањето на бројот на пратеници кои користеле закуп на стан – се вели во анализита.

Со законските измени, наместо дотогашните 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, пратениците ќе добиваат надомест до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување