Новите железни завеси во Источна Европа
Објавено во: Анализа 28 Април, 2015 16:08
"Работата на бугарскиот" ѕид "- изградба со сосема поинаква цел - е уште понапредна од украинската. Ова е проект исто толку амбициозен, колку зајакнувањето од САД на границата со Мексико: современиот "интегриран набљудувачки систем ", преку кој ќе се остварува цврсто набљудување по целата бугарско-турска граница со помош на новата поделба од 1500 гранични полицајци ", забележува весникот.
Според The Independent зајакнувањето на границата ќе ги натера бегалците да избираат поопасни правци и многумина предвидуваат дека во следните месеци ќе се зголеми бројот на оние кои ќе се одлучат да бегаат од Блискиот Исток по море, наместо по копно, а тоа ја крие заканата од уште трагедии какви што се случија во италијанските води.
"Бугарија вели дека има причини да постапува така. Граѓанската војна во Сирија и интензивирањето на радикалните групи во Леванте се одразија лошо на земјата, која продолжува да е една од најсиромашните членки на ЕУ. Бугарија не може да се справи со товарот на бегалците што го поднесува само поради својата географска положба, и силно се спротивставува на директивата на ЕУ сите бегалци да останат во првата земја од Унијата во која ќе влезат ", пишува весникот.
Бугарија има основи да ја брани оваа позиција, се вели уште во статијата и се наведува дека од почетокот на граѓанската војна во Сирија во Бугарија илегално влегле над 15 илјади Сириски бегалци, а најмалку 4000 се во бегалските центри. Вистинскиот број сепак сигурно е поголем и не е изненадување што Бугарија не сака да сноси голем дел од бегалскиот прилив, кој нејзините соседи од ЕУ не го делат ", се наведува во статијата.
Британскиот весник пишува дека изградбата на ограда долж границата дало резултат - од почетокот на изградбата пред 16 месеци таа го намалила бројот на бегалците од околу 100 лица на ден до 150 неделно.
Според весникот "иронично" токму кога Бугарија почнала да добива значителна надворешна помош за земањето на бегалци, таа одлучила да престане да ги пушта. Но ова решение донекаде се должи на внатрешнополитички причини, пишува The Independent.
Во Бугарија беснеат антиимигрантските чувства, а организации како Human Rights Watch рутински известуваат за случаи на лош третман на бегалци во земјата. Тоа - во комбинација со стравувањата дека меѓу оние кои ја поминуваат границата со Турција има џихадисти - вроди со силна поддршка во Бугарија за зајакнување на границата ", се истакнува во написот.
Но, не е само Бугарија, земја од регионот која има проблем со бегалците и земјите од Блискиот Исток и Африка. Грција има многу поголем проблем и таа е членка на ЕУ, но се уште не ги затворила границите. Сепак, официјална атина не ретко ги користи мигрантите како услов за уценување кој многупати и донел на земјата слободен пат до финансиската помош.
Проблем со илегалните мигранти има и Македонија. Според официјалните бројки, дневно на границата помеѓу Македонија и Србија се приведуваат околу 200 мигранти, што е многу голема бројка. Сепак неофицијалните бројки, на оние кои успеале да ја минат границата е многу поголем. Но, дали тоа ни дозволува да ставиме бодликава жица на граничната линија!?
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





